Нејмар се рехабилитирал од повредата и ќе се врати во тимот на ПСЖ за натпреварот со Монако во 33 коло во францускиот шампионат.
Бразилецот, последниот меч пред повредата, го одигра на 23 јануари. „РМС Спорт“, повикувајќи се на свои извори објавија дека Нејмар само побарал од тренерот Томас Тухел да биде во тимот.
Конечниот збор дали Нејмар ќе игра против Монако ќе го има лекарскиот тим на ПСЖ. Одлуката ќе биде објавена утре.
ПСЖ против Монако ќе ја имаат третата меч топка за и теоретски да ја обезбедат новата титула. Претходните две не ги искористија против Лил и Нант.
Инаку, Нејмар, оваа сезона забележал 20 гола и 11 асистенции на 23 одиграни натпревари.