Top Sport

Нејмар: Поразот од Белгија е најтажниот момент во мојата кариера

Еден ден по елиминацијата во четврт-финалето на СП од Белгија, бразилската мега-ѕвезда Нејмар вели дека ќе му биде многу тешко да се врати на клупскиот фудбал, опишувајќи го поразот како „најтажен момент“ во неговата кариера.

Асот на ПСЖ дојде во Русија како една од најголемите фудбалски ѕвезди на шампионатот, но и самиот признава дека не бил на доволно добро ниво, откако доби низа критики за симулирање и за недоволна подготвеност да даде максимум за националниот дрес.

„Можам да ви кажам дека ова е најтажниот момент во мојата кариера. Болката е огромна, бидејќи знаевме дека можеме да направиме повеќе, дека можеме да влеземе во историјата. Но, тоа не беше нашата судбина. Тешко е да се најде сила да се вратам на фудбалот повторно, но сигурен сум дека Бог ќе ми даде сила да се соочам со предизвиците. Горд сум на сите мои соиграчи. Сонот ни е прекинат, но не е отстранет од нашата глава и од нашето срце“, напиша Нејмар на Инстаграм.

Нејмар сега се враќа во Бразил веќе в недела, пред да се врати во Париз за подготовката на новата сезона во Француската лига и во Лигата на шампиони.

Scroll to Top