Top Sport

Нејмар постигнал договор со вереницата дека може да ја изневерува, но под три услови

Кога станува збор за Нејмар, во последно време најмалку се зборува за фудбалот. Бразилецот поради повреда ја пропушти пролетта, постојано се навестува дека би можел да го промени клубот, но има фантастичен договор со ПСЖ потпишан лани и со важност до 2027 година. Парижаните ќе треба да му исплаќаат 40 милиони евра по сезона.

Во меѓувреме, се појави бизарна приказна за договорот помеѓу Нејмар и неговата долгогодишна девојка Бруна Бјанкарди. Двојката очекува дете, а според бразилските медиуми тие постигнале договор.

Внимавајте, Нејмар смее да ја изневерува трудницата, но мора да исполни три услови, да користи кондом, да не се бакнува во уста и да биде дискретен. Не може да биде верен, а Бруна го фатила како испраќа пораки на љубовницата на Денот на вљубените.

Минатата година се сретна со поранешната девојка, исто така Бруна, но Марчезиња во Мајами.

Тој летово беше во Мајами, на финалето на НБА, играше кошарка со Погба и Џими Батлер и го следеше финалниот натпревар меѓу Мајами Хит и Денвер Нагетс.

Никој во Бразил не е изненаден од гафовите на Нејмар, како и од фактот дека девојката се помирила. Впрочем така е и со ПСЖ. Тоа наводно Леонардо еднаш јавно го посочи, дека Нејмар не може да се скроти.

Scroll to Top