Top Sport

Н’Голо Канте потпиша за Ал-Итихад

Францускиот интернационалец од средниот ред на Челси, Н’Голо Канте и официјално е нов фудбалер на Ал-Итихад. Договорот е постигнат за период од четири години, а тој ќе заработува 100 милиони евра по сезона.

Ова е втор најголем трансфер летово за Ал-Итихад, откако претходно пристигна и Карим Бензема.

Канте во Саудиска Арабија пристигнува од Челси, каде што дојде во 2016 година. Со клубот од Лондон, францускиот фудбалер ја освои Премиерлигата, ФА Купот, Лигата на шампионите, Лигата на Европа, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.

Scroll to Top