Top Sport

Нејмар: Повеќе тренирам сега него кога сум со тимот

Фудбалерот на Пари Сен Жермен Нејмар изјавил дека напорно работи за да биде подготвен за останатиот дел од сезоната.

Фудбалската сезона во Франција заврши, а Сојузот титулата им ја додели на фудбалерите на ПСЖ. Сепак за „светците“ сезоната се уште не е завршена, тие се во конкуренција во Лигата на шампионите.

„Сакам да бидам подготвен кога ќе продолжат натпреварите, сакам да бидам во врвна форма“, рекол Бразилецот и дополнил.

„Тренирам во ист ритам, како да сум во клубот. Можеби дури и посилно, со тренинг го надополнувам останатото. Секако дека ми недостигаат натпреварите, но ние имаме добра програма според која се подготвуваме“.

Нејмар неколку дена по прекинот на сезоната замина во Бразил. Последниот натпревар го одигра на 11 март во Лигата на шампините против Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите.

Scroll to Top