Top Sport

Нејмар повторно ја тужел Барселона

Нејмар повторно покренал уште една тужба против поранешен клуб Барселона. Бразилецот трет пат од заминувањето го тужи клубот, овој пат тој бара 6,5 милиони евра. Вкупно, со трите тужби, тој од Барселона бара 30 милиони евра.

Нејмар тврди дека Барселона му должи 6,5 милиони евра и со тужбата бара тој износ да му биде исплатен. Каталонците ги негираат обвинувањата.

Разделбата помеѓу Нејмар и Барселна не беше пријателска. Се започна во јули 2017 година кога Бразилецот за светски рекорд, сума од 222 милиони евра, се пресели во ПСЖ.

Парите што ги бара Нејмар и поради кои го тужи поранешниот клуб се однесуваат на неисплатени бонуси.

Нејмар во 2016 година кога го продолжи договорот со Барселона договорил да добие одреден бонус бидејќи се согласил да остане на „Ноу Камп“.

Сепак една година подоцна тој се пресели во Париз.

Каталонците тврдат дека со преселбата во ПСЖ, Нејмар ги прекршил одредбите од потпишаниот договор.

Scroll to Top