Top Sport

Владан Милојевиќ го презеде Ал Ахли

Српскиот тренер Владан Милојевиќ е промовиран во шеф на стручниот штаб на Ал Ахли. Новиот тренрер клубот од Саудиска Арабија го потврди на својот профил на социјалната мрежа „Твитер“.

Милојевиќ во Ал Ахли доаѓа по големите успеси што ги постигна со Црвена звезда. Со најтрофејниот клуб во Србија, Милојевиќ, два пати избори пласман во фазата по групи во Лигата на шампините, а претходно ја мина главната фаза во Лига Европа.

Со црвено-белите освои две титули во првенството на Србија.

Милојевиќ по заврувањето на есенскиот дел од сезоната поднесе оставка во Црвена звезда.

Тренерот во Ал Ахли повторно ќе соработува со Марко Марин кој исто така минатиот месец ја напушти Црвена звезда.

Ал Ахли не објавија детали од договорот. Српските медиуми шпекулираат дека тој ќе има годишна плата од 2,5 милиони доалри.

Scroll to Top