И покрај тоа што според фановите на Пари Сен-Жермен треба да преземе дел од одговорноста за новиот неуспех во Лигата на шампионите, Нејмар е пресреќен на „Паркот на принцовите“ и не планира да бара трансфер, јавува „Гол“.
Нејмар, заедно со Лео Меси беа исвиркани од навивачите на ПСЖ во првиот меч по елиминацијата од Реал Мадрид во Лигата на шампионите, а потоа дојдоа и непотврдени шпекулации дека тој се појавувал во алкохолизирана состојба на тренинзите на клубот, зголемувајќи ги шпекулациите дека по пет години во клубот ќе побара трансфер.
Но извори блиски до Бразилецот посочуваат дека тој е целосно посветен на ПСЖ и дека Париз веќе му е „вистински дом“. Тој останува најдоброплатениот фудбалер на клубот, пред Меси и Килијан Мбапе, а има договор до 2025 година.
Повредите оваа сезона го ограничија на 21 меч за „Светците“ во кои има 5 гола и 5 асистенции.