Ѕвездата на Пари Сен-Жермен, Нејмар и неговата девојка Бруна Бјанкарди потврдија дека чекаат ќеркичка, неколку дена по јавното извинување на фудбалерот за „грешката“ која ја направил.
Нејмар и Бјанкарди објавија видео на социјалните мрежи потврдувајќи дека чекаат девојче на церемонија на која присуствуваше и НБА ѕвездата Џими Батлер.
„Со нетрпение го очекуваме еовој момент. Едвај чекаме да те сретнеме, ќерко“, напиша Нејмар.
Претходно оваа недела, Нејмар јавно и се извини на Бјанкарди на социјалните мрежи.
„Направив грешка. Грешка со тебе. Правам грешки секој ден, на теренот и надвор од него. Но, ги решавам грешките и во мојот приватен живот, со моето семејство и со пријателите. Жената која е во моите соништа, мајка на моето дете“, напиша тогаш Нејмар.
Нејмар веќе има едно дете, 12-годишниот Давид Лука, роден во времето кога тој беше фудбалер на Сантос.