Top Sport

Нејмар расплакан на роденденската забава (Видео)

Најскапиот светски фудбалер, Нејмар, денес наполни 27 години. Бразилецот синоќа за 500 гости, меѓу кои биле и неговите соиграчи од Пари Сен Жермен, приредил забава. Сите на забавата биле облечени во црвено.

Нејмар со години приредува вакви забава по повод роденденот, кој оваа година минал во емотивно расположение на Бразилецот, предизвикано од повредата, која десет недели го оддалечи од фудбалските терени.

„Она што најмногу посакувам за роденденот е нова метатарсална коска, за да можам да се вратам на фудбалскиот терен, за да можам да го правам она што најмногу го сакам, а тоа е да играм фудбал“, низ солзи порачал Нејмар.

Бразилецот се повреди во Куп натпреварот против Стразбур. Поради оваа повреда тој ќе ги пропушти дуелите со Манчестер Јунајтед (6 февруари и 12 март) во Лигата на шампионите.

Инаку од гостите се „истакнале“ Дани Алвеш и Килијан Мбапе. Еден од најдобрите пријатели на Нејмар, Дани Алвеш, пеел на бината, а Мбапе имал интересна кореографија.

https://twitter.com/BrazilEdition2/status/1092596005567000577

Scroll to Top