Top Sport

Карагер: Јунајтед имаат подобар тим од Ливерпул

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, кој сега работи како стручен коментатор за телевизијата „Скај“, Џејми Карагер рекол дека борбата за титулата во Премиер лигата започнала од синоќа. Ливерпул, не успеа да победи кај Вест Хем (1:1), а бидејќи и со Лестер освоија само еден бод, Манчестер сити ја намали предноста на „црвените“ на само три бода.

Карагер, по синоќешниот меч, упатил низа критики на адреса на својот поранешен клуб, а еден дел од неговиот коментар нема воопшто да им се допадне на навивачите на „црвените“.

„Веќе имам кажано дека Манчестер Јунајтед имаат подобар тим од Ливерпул. Можеби ова на луѓето им звучи чудно, но ова што се случува може да го потврди тоа“, рекол Карагер и дополнил.

„Џејмс Милнер делува како некој кој не знае на која позиција игра…Ливерпул платија многу за Кеита, а тој губи премногу топки. Фирмино не личи на себе, а не видовме многу ниту од Салах. Постои проблем, не верувам дека се работи за некаков притисок, туку е предизвикан од повредите. Не можам да поверувам дека Ливерпул беа толку лоши во последниот натпревар. Сепак и натаму се први на табелата. Дури и во случај Сити да го преземат водството со поен или два повеќе 2црвените“ ќе имаат свои шанси за титулата“.

До крајот на Премиер лигата остануваат уште 13 рунди.

Scroll to Top