Top Sport

Нејмар: Роналдо е „ѕвер“, а Меси е „идол“

Суперѕвездата на Пари Сен-Жермен, Нејмар вели дека има огромна почит кон поранешниот колега од Барса, Лионел Меси, но и кон Кристијано Роналдо, двајцата фудбалери кои последната деценија доминираа на насловните страници, собирајќи тимски и индивидуални награди.

Нејмар замина за светски рекорд од Барселона во ПСЖ во 2017 за да „излезе од сенката“ на Меси во Барселона, покрај кого играше четири сезони, период во кој во Реал „жареше и палеше“ Кристијано Роналдо. Но, Бразилецот вели дека не бил застрашен, туку само инспириран од двајцата.

„Играв со Меси, кој за мене останува еден од најдобрите фудбалери на сите времиња и мој идол во фудбалот. Со Меси учев секој ден, на тренинг, на натпревар или само со тоа што го набљудував. Тој ме направи посилен и подобар бидејќи научив од него. Кристијано Роналдо? Тој е ѕвер. Да се игра против него е задоволство и чест, но секогаш мораш да бидеш подготвен. И тој е еден од најдобрите на светот и мораш да бидеш поумен и поподготвен против него. Тие се двајцата со кои можам да се споредувам, од кои можам да учам. Сакам повеќе, сакам да победувам, сакам трофеи, голови и морам да учам од најдобрите“, вели Нејмар во интервју за „Плејерс трибјун“ покрај НБА ѕвездата Стеф Кари.

Scroll to Top