Top Sport

Сон донирал огромна сума на корејската војска пред да биде изземен од воениот рок

Ѕвездата на Тотенхем и на корејската репрезентација, Хеунг-Мин Сон донирал околу 80.000 евра на корејската војска пред со репрезентацијата да триумфира на Азиските игри и така да добие изземување од служењето на воениот рок.

Според корејските закони, сите машки до 28 година мораат да отслужат воен рок од 2 години, со исклучок на спортистите кои направиле интернационален успех. 26-годишниот Сон заедно со У-23 репрезентацијата на Јужна Кореја стигна до титулата од Азиските игри со 2:1 победа над Јапонија во финалето.

Пред турнирот, Сон донирал висока сума до војската, што може да се протолкува како „компензација“ за неговото отсуство.

„Сон Хеунг Мин ни се јави и ни кажа дека сака да донира за корејските војници и нивните семејства“, пишува во воениот дневен весник на Јужна Кореја, „Кукбангилбо“.

Сон има 74 настапи за Јужна Кореја и 23 постигнати голови и настап на Светските првенства во 2014 и 2018 година.

„Секогаш сум бил благодарен за нивната служба кон татковината. Искористете ги парите за нив“, изјавил Сон.

Scroll to Top