Top Sport

Нејмар сака да го напушти ПСЖ!

Нејмар им соопштил на челниците на Пари Сен Жермен дека сака да го напушти клубот. Бразилецот сака да го напушти Париз две години пред истекот на договорот.

Нејмар (31) е член на „светците“ од 2017 година, кога пристигна од Барселона во рекорден трансфер, вреден 222 милиони евра.

Се шпекулира дека Нејмар ќе биде дел од зделката помеѓу Барселона и ПСЖ, а во целата приказна е вмешан и Усман Дембеле.

Сепак, тренерот на Блауграна, Чави, би можел да го прекине целиот процес, бидејќи не изгледа премногу заинтересиран за својот поранешен соиграч. Според шпанските медуми, Чави сметал дека присуството на Нејмар лошо ќе влијае во соблекувалната.

Нејмар и Чави беа соиграчи од 2013 до 2015 година.

Нејмар за Барселона одигра 186 натпревари, постигна 105 гола и забележа 76 асистенции, додека во дресот на ПСЖ има учинок од 118 гола и 77 асистенции на 173 натпревари.

Scroll to Top