Најскапиот светски фудбалер, Нејмар, проговорил за трансферот од Барселона и во ПСЖ. Овој трансфер предизвика вистински „земјотрес“ во светот на фудбалот.
Бразилецот, во 2017 година, реши да ја напушти Барселона. ПСЖ ја исплатија откупната клаузула од 222 милиони евра.
Нејмар често говори за својот поранешен тим, за многумина тоа значи дека му е жал што заминал од „Ноу Камп“. Крилниот напаѓач објаснил дека се уште ја сака Барселна, но дека не жали што заминал во Париз.
„Заминав поради тоа што сакав нов предизвик во кариерата. Сакав предизвик да освојам нешто ново и да ги ставам на тест моите можности. Барселона и клуб кој секогаш ме фасцинирал и Барса ја сакам и денес. Сепак, тогаш сакав промена и се решив да заминам“, рекол Нејмар и дополнил.
„Ми беше тешко да ја донесам конечната одлука и толку многу размислував. Можеби недела или две пред трансферот решив да одам во ПСЖ“, заклучил Бразилецот.