Нејмар уште не се врати на фудбалските терени по повредата на стапалото, и во меѓувреме се најде под истрага на УЕФА по лутата реакција на елиминацијата на Пари Сен-Жермен од Лигата на шампионите, но најде доволно време за други активности.
Преку Инстаграм, бразилската мега-ѕвезда се пофали со нова голема тетоважа на градите, на која има феникс и интересна порака: „Да бидеме преродени толку пати колку што е потребно да сме среќни“.
Над огромната тетоважа пишува „Гигант по природа“, но и фудбалски терен блиску до срцето.