Ѕвездата на Пари Сен-Жермен, Нејмар издржа само неколку минути од пријателскиот меч на Бразил со Камерун, откако доби повреда на бутниот мускул и по само осум минути беше заменет со ѕвездата на Евертон, Ришарлисон, а Маркињос стана капитен.
Според бразилската „Глобо ТВ“, Нејмар има истегнат бутен мускул, но уште не е потврдена сериозноста на повредата во вториот меч по само четири дена, откако одигра 90 минути и го постигна единствениот гол во 1:0 победата над Уругвај.
Neymar injured & substituted 8 days before the PSG Liverpool game #BRACAM #LFC
pic.twitter.com/g6JplDcbN4— Roar Of The Kop (@_RoarOfTheKop_) November 20, 2018
Токму замената Ришарлисон го постигна единствениот гол на натпреварот во 45. минута од мечот на стадионот „МК“ во Милтон Кејнс, Британија, скокнувајќи највисоко при корнерот на Вилијан.
ПРИЈАТЕЛСКИ МЕЧЕВИ
Обединети Арапски Емирати – Јемен 2:0
Иран – Венецуела 1:1
Нигерија – Уганда 0:0
Кувајт – Сирија 1:2
Јужна Африка – Парагвај 1:1
Тунис – Мароко 0:1
Турција – Украина 0:0
Албанија – Велс 1:0
Бразил – Камерун 1:0