Top Sport

Нејмар се пожали на судијата Кујперс

Наполи и ПСЖ одиграа 1:1, во четвртото коло во Ц-групата, во Лигата на шампионите. Најскапиот играч во светот, Нејмар, за време и по натпреварот бил изнервиран од прекршоците што ги правеле противничките играчи и од односот на судијата Бјорн Кујперс.

Поради сталните протести кон судијата, Бразилецот, во финишот на натпреварот доби жолт картон, а по мечот побарал од челниците на УЕФА да го заштитат.

„Не ме интересира доколку на судиите им се случи да погрешат. Начинот на кој што судијата ги третираше играчите покажа непочитување. Арбитарот мора да ги почитува сите фудалери, а мене ми кажа нешто што не смееше. Го осудувам поради начинот на кој што се однесуваше кон играчите. Се надевам дека по ова прашање челниците ќе преземет нешто“, рекол Нејмар кој бил и незадоволен од конечниот исход на натпреварот (1:1).

„Мислам дека резултатот не е добар. Дојдовме по победа во Неапол, никогаш не размислуваме да одиграме нерешено. Не сум задоволен, се враќаме дома фрустрирани и нервозни. Ја сакавме победата, но се уште не е решено, има уште многу да се игра“.

Scroll to Top