Top Sport

Барселона се подготвени да го продадат Дембеле

Усман Дембеле, најверојатно уште во јануарскиот преоден рок ќе се обиде да ја напушти Барселона, тврди Радио Каталонија. Дембеле, минатото лето пристигна во Барселона од Борусија Дотрмунд, за сума од 115 милиони евра, што тогаш претставуваше клупски рекорд.

Дембеле е голем талент, меѓутоа очигледно е дека не успева да се снајде на „Ноу Камп“, иако последните два месеци постигна неколку значајни гола во првенството на Шпанија.

Радио Каталонија, објави дека менаџерот на Дембеле веќе контактирaл неколку клубови и ги информирал дека неговиот клиент веќе во зимскиот преоден рок бил подготвен да ја напушти Барселона.

Позитивен одговор добил од Ливерпул, чии менаџер Јирген Клоп, бил убеден дека Дембеле совршено би се вклопил во неговата визија. Шпекулациите говорат дека Ливерпул би можеле да го продадат Мохамед Салах, од чии трансфер можат да заработат голема сума на пари.

Дури потоа Ливерпул би се насочил кон трансферот на Дембеле.

Scroll to Top