Top Sport

Нејмар се премислил, летово заминува од ПСЖ?

Најскапиот светски фудбалер Нејмар се премислил и сега сакал да го напуштиПСЖ во летниот преоден рок тврди „Ле10спорт“. Бразилецот цела оваа сезона се поврзува со евентуален трансфер во својот поранешен клуб Барселона и со Реал Мадрид.

Истиот извор наведува дека Нејмар не сакал да си оди од ПСЖ, бидејќи знаел дека никој не може да му понуди плата од 36,8 милиони евра, колку што заработува во Париз, но се премислил по елиминацијата во осмина-финалето во Лигата на шампионите и серијата на порази во која се наоѓа екипата во изминатите 40 дена.

Наводно и во ПСЖ немало да се противат доколку за Нејмар стигне понуда што ќе ги задоволи нивните апетити, бидејќи сакале тимот а го градат околу Клијан Мбапе.

ПСЖ пред две години за Нејмар на Барселона и платија рекордни 222 милиони евра.

Scroll to Top