Top Sport

Нејмар се врати во голем стил (Видео)

Фудбалерите на Пари Сен Жермен го победија минимално Стразбур во петтото коло во француската Лига 1. Единствениот гол на мечот го постигна Нејмар во 92 минута.

Бразилецот на вистински начин го обележа дебито во новата сезона. Поради сагата околу евентуалниот трансфер во Барселона и поради повредата Нејмар не играше во првите четири кола.

ПСЖ имаа иницијатива во текот на целиот натпревар, но до самиот финиш одбраната на Стразбур одолеваше на нападите.

Во 92 минута Нејмар постигна спектакуларен гол со ножички. Неколку минути подоцна тој постигна уште еден гол кој беше поништен поради офсајд.

За ПСЖ на овој меч од почеток бранеше Кејлор Навас, а дебитираше и Мауро Икарди кој на теренот влезе во 63 минута.

Scroll to Top