Top Sport

Очекуван пораз на одбојкарите од Русија

Македонската одбојкарска репрезентација го забележа третиот пораз во Ц-групата на Европското првенство. Македонија очекувани загуби од фаворизираната Русија 0-3 (15:25, 16:25, 28:30).

По поразите од Финска (3-1) и Трција (3-0), македонските одбојкари очекувно потклекна пред актуелните шампиони во Светската лига, репрезентативците на Русија. Со оглед на разликата во квалитетот македонските одбојкари не се посрамотија, особено добар отпор на фаворитот му пружија во третиот сет.

Манџунков и Никола Ѓорѓиев против Русија освоија по 12 поени.

Утре е слободен ден за Европското првенство за Македонија, а потоа следуваат дуелите со Белорусија на 16 и Словенија на 17 септември.

фото/facebook.com/volleyballmkd

Scroll to Top