Top Sport

Нејмар: Се заљубив во фудбалот на Андрес Иниеста

Ѕвездата на Пари Сен-Жермен, Нејмар вели дека се „заљубил“ во фудбалската способност на Андрес Иниеста кога играл со него во Барселона, праќајќи му порака преку Инстаграм на ветеранот кој во петокот објави дека заминува од Каталонија по 22 години.

„Маестро, беше чест да се биде дел од твојата кариера во Барселона. Веќе се восхитував од далеку пред да дојдам, но кога те запознав се заљубив во твојот фудбал и во личноста која си надвор од теренот. Секогаш ќе им кажувам на моите пријатели, деца и на семејството дека сум имал задоволство да прославувам голови и титули покрај него. Барселона ти благодари, јас ти благодарам и сите вљубеници во фудбалот ти благодарат за тоа што го направи. Многу среќа, Капи Андрес Иниеста“, напиша Нејмар на Инстаграм.

Нејмар освои две титули од Ла лига, три од Копа дел Реј и Лигата на шампионите во 2014/15 покрај Иниеста пред минатото лето да замине во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра.

Scroll to Top