Top Sport

Нејмар сезонава е најпродуктивниот играч во Европа

Во последното коло од француската Лига 1, ПСЖ победи со 1:0 на гостувањето кај Лион и со тоа го задржа врвот на табелата пред Марсеј. Стрелец на единствениот гол беше Лео Меси по одличната асистенција на Нејмар. 30-годишниот Бразилец продолжи со неверојатната статистика од почетокот на сезоната.

Во моментов тој е играчот кој има најголем придонес со голови и асистенции во сите Топ 5 национални првенства. Ги има 15, откако на осум настапи постигна осум и забележа седум асистенциии. Зад него е Ерлинг Халанд со 12 директни придонеси кон голот. Во Премиер лигата постигна 11 голови и еднаш асистираше.

Статистиката на Нејмар е нереална дури и ако гледаме подолг период. Против Лион го забележа својот јубилеен 100. настап за ПСЖ во Лига 1. Вкупно постигна 77 гола и забележал 44 асистенции. Тој сезонава постигна гол или асистираше на секој натпревар од Суперкупот, првенството или Лигата на шампионите, освен против Нант, кога одигра само 27 минути.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');