Доминик Ливаковиќ ги сопре речиси сите обиди кон неговиот гол, но немаше сила да ја спречи мајсторијата на Нејмар, кој во последните секунди од првото продолжение, конечно, успеа да го „скрши“ отпорот на Хрватска и да донесе 1:0 водство, по кое се на 15 минути од пласман во полуфиналето.
По сите пропуштени шанси на Бразилците во првото полувреме, но и по опасната ситуација пред бразилскиот гол, кога Марцело Брозовиќ се посрамоти, Нејмр во 106. минута од мечот, со фантастичен „слалом“ во шестнаесетникот на Хрватска, го постигна својот 77. гол со кој се израмни со Пеле како најдобар стрелец во историјата на „Селесао“.
THIS IS NEYMAR. WHAT A PLAY MANpic.twitter.com/17ZaiUQZ23
— Dr Yash (@YashRMFC) December 9, 2022