Top Sport

Нејмар стрелаше, ПСЖ без мака со Каен (видео)

Нејмар ја казни грешката на Каен уште на стартот на мечот, а Адриен Рабио на шпекулациите за неговото „замрзнување“ во Пари Сен-Жермен одговори со гол за француските шампиони да го стартуваат шампионатот со 3:0 победа.

Во првиот лигашки меч со Германецот Томас Тухел на чело на „Паркот на принцовите“, не се чекаше долго на гол, откако бразилската мега-ѕвезда Нејмар во 10. минута по една несфатлива грешка на одбраната на гостите, лесно го најде патот до мрежата.

Во 35. минута од мечот, Анхел ди Марија имаше фантастичен пробив во шестнаесетникот на Каен, за да го најде Рабио, кој не згреши за 2:0. Во финишот на натпреварот шанса доби и младиот Тимоти Веа, кој влезе во 82. минута на местото на Нејмар. Веа, синот на легендарниот Џорџ Веа, веднаш го покажа својот талент, откако прво го погоди дирекот, а потоа и голот за 3:0.

Мечот исто така беше првиот меч на италијанскиот голмански „маг“, Џанлуиџи Буфон во француската Лига 1, и тој немаше многу работа против слабиот противник.



Scroll to Top