Top Sport

Нејмар: Верати е фудбалски гениј

Марко Верати, покрај Килијан Мбапе, беше еден од клучните играчи на ПСЖ во победата над Реал (1:0) во осмина-финалето, во Лигата на шампионите.

Во последните 20 минути на теренот се најде и Нејмар, кој паузираше од 28.ноември минатата година. Бразилецот, по мечот ја фалеше играта на Верати. Италијанскиот репрезентативец имаше 92 отсто успешни додавања.

„Знаев дека тој е исклучителен фудбалер, но не бев свесен дека е спектакуларен. Тој е гениј, еден од најдобрите играчи од редот за врска со кои сум играл, покрај Чави и Иниеста“, рекол Нејмар.

Верати е играч на ПСЖ од 2012 година. Тој во Париз се пресели од Пескара. Интересно италијанскиот репрезентативец никогаш не играл во Серија А.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');