Top Sport

Нејмар во дрес на Барса го цитираше стариот завет

Нејмар ги зголеми шпекулациите за враќање во Барселона откако на социјалните мрежи постави видео во кое тој е во дресот на каталонскиот клуб, заедно со порака извадена од Библијата, поточно од стариот завет.

Бизарното видео поставено на Инстаграм го покажува Нејмар во црно-бело, но се забележува дресот на Барселона, а покрај тоа има порака од Библијата на португалски јазик: „Ниту едно оружје кое е формирано против тебе нема да расне, секој јазик кој ќе се крене против тебе ќе го осудиш. Тоа е наследството на слугите на Господ и нивната праведност доаѓа од мене, вели Господ“.

Дали оваа библиска инспирација доаѓа поради тоа што Пари Сен-Жермен не сакаат да го пуштат во Барселона или за казната која му ја додели тимот поради тоа што тој не се појави на тренинзите (иако неговиот татко тврдеше дека така е договорено).

Секако, приказната е далеку од завршена.

Scroll to Top