Top Sport

Нејмар во финишот на преодниот рок им бил понуден на Манчестер сити

Преодниот рок заврши, а иако на неговиот почеток многу се зборуваше за заминувањето на Нејмар, најскапиот играч на светот остана во Париз.

Во Париз не се задоволни од она што Бразилецот го пружи минатата сезона. Чувствуваа дека е време да си замине и дека буџетот треба соодветно да се растовари. Сепак, никој не беше подготвен да ја прифати неговата плата.

Во меѓувреме, Нејмар имаше одличен почеток на сезоната и се покажа како еден од клучните играчи под водство на новиот тренер.

„Марка“ пишува дека ПСЖ им го понудил Нејмар на Манчестер сити. Тоа се случило последните 10 дена од преодниот рок, во периодот кога медиумите пишуваа за несогласувањата помеѓу Нејмар и првата ѕвезда на ПСЖ, Килијан Мбапе.

Сити без размислување ја одбиле понудата.

Нејмар новата сезона ја започна со девет гола и шест асистенции на шест натпревари.

Scroll to Top