Top Sport

Нејмар во Реал за 350 милиони евра

Претседтелот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, подготвуал трансфер „бомба“ со која ќе ја започне реконструкцијата на тимот. „Диарио Спорт“ тврди дека Реал ќе издвои 350 милиони евра за Нејмар. Инаку Бразилецот го држи трансфер-рекордот со 222 милиони евра, колку што ПСЖ за неговите услуги и платија на Барселона.

Истиот извор објави дека Нејмар во Реал ќе добие поголема плата од онаа што Лео Меси ја добива од Барселона, Наводно, напаѓачот, годишно ќе заработува 45 милиони евра.

Стратегијата на Перез била да го донесе Килија Мбапе, но проценил дека младиот француски ас повеќе сака да остане во татковината. Поради тоа тој се свртел кон неговиот соиграч.

Во прилог на ова оди и неодамнешната изјава на Нејмар дека би сакал да игра во Реал Мадрид.

Шокатнтата елиминација на ПСЖ од Лигата на шампионите би можела да влијае врз конечната одлука на Нејмар да го напушти ПСЖ и да се врати во Ла Лига.

Scroll to Top