Top Sport

Нејмар во Саудиска Арабија ќе заработува и како „инфлуенсер“

Бразилецот Нејмар се сели во Саудиска Арабија, а освен огромната плата ќе има и некои други придобивки од трансферот во Ал Хилал.

За двегодишниот договор ќе добие 160 милиони евра, но и од бонусите ќе има екстра приходи.

Нејмар за секоја победа на Ал Хилал ќе добива бонус од 80.000 евра, додека за секоја објава и „стори“ на социјалните мрежи во која ја промовира Саудиска Арабија ќе добива неверојатни 500.000.

Покрај тоа, на располагање ќе има и приватен авион и огромна куќа со персонал.

Во 2017 година Нејмар стана најскапиот фудбалер во историјата кога ПСЖ и плати 222 милиони евра на Барселона.

Бразилецот постигна 118 гола со 77 асистенции на 173 натпревари за „светците“. За Барселона одигра 186 натпревари и постигна 105 гола со 76 асистенции.

Scroll to Top