Даночната управа во Шпанија денеска објави листа на даночни должници кои и должат на земјата повеќе од 1 милион евра, заклучно со 31 декември 2019 година.
Меѓу должниците е и бразилскиот фудбалер, Нејмар (ПСЖ). Тој во Шпанија останал должен 34,6 милиони евра, за перидотот додека настапувал за Барселона. Нејмар во Барса стигна во 2013 година од екипата на Сантос, а пред 3 години премина во ПСЖ за досега рекордни 222 милиони евра.
Нејмар беше под истрага на шпанските власти поради затајување на данок уште минатата година, а доколку наскоро не ги подмири долговите, му се заканува заплена на имот. Освен тоа, тоа драстично ги намалува шансите за негово евентуално враќање во Барселона.
И родниот Бразил го тужеше Нејмар затоа што таму останал должен 25 милиони долари на име на данок. Сепак фудбалерот успеа таму да докаже дека парите ги заработувал во други земји, па затоа не е должен тука да ги плати парите.