Челниците на фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен ќе се обидат во летниот преоден рок во Париз да донесат еден од најдобрите играчи на Ливерпул, Садио Мане, тврди „Франс Фудбал“.
Спортскиот директор на на клубот Леонардо сметал дека Мане би бил идеална замена за Нејмар кој речиси сигурно ќе замине од Париз.
Во ПСЖ сметале дека Мане би бил и повеќе од идеална замена за Нејмар, бидејќи за разлика од Бразилецот поседувал и завидни дефанзивни карактеристики и целосно учествувал ов играта на тимот.
ПСЖ ќе се обидат да го привлечат Мане со голема годишна плата. Сенегалецот во Ливерпул заработува осум милиони евра годишно, односно двојно помалу од Мохамед Салах.
Клубот од Париз во летниот преоден рок ќе ослободи речи 50 милио ни евра во буџетот предвиден за плати на фудбалерите, бидејќи покрај Нејмар од Париз ќе замине и Единсон Кавани.
Садио Мане досега во сезоната има учинок од 13 гола и седум асистенции.