Германската фудбалска лига (ДФЛ) ги казни фудбалерите на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо и Мануел Аканџи за прекршување на правилата за социјално дистанцирање, откако тие се пофалија со нови фризури оваа недела.
Четири други фудбалери на Борусија, кои наводно ги прекршиле правилата на ист начин, не беа казнети бидејќи немаше фотографски докази за нив. ДФЛ ги потврди казните за Санчо и Аканџи, но не објави колку се тие казнети, а потврди и дека Борусија нема да биде казнета.
„Нема сомнеж дека на професионалните фудбалери им се потребни потстрижувања. Меѓутоа, тоа треба да направено според препораките на медицинската заедница, а клубот им дал таква можност. Фудбалерите имаат право на жалба од пет дена“, се вели во соопштението на ДФЛ.
Претходно, „Билд“ објави дека Санчо и Аканџи, заедно со Рафаел Гереиро, Торган Азар, Аксел Витсел и Дан-Аксел Загаду добиле домашна посета од стилистот Вини Нана Каркари, а не се придржувале кон правилата. Каркари одговори дека ја тргнал маската само за фотографиите и дека при стрижењето ги почитувал хигиенските правила.