Top Sport

Некој кретен фрлаше со паричка по Ериксен

Кристијан Ериксен вчера се врати во данската репрезентација со гол при 4:2 поразот од Холандија првпат по срцевиот напад кој го имаше на ЕУРО 2020, и иако доби овации од холандските фанови кога влезе во игра, некој кретен по крајот на мечот реши да го гаѓа фудбалерот на Брентфорд со паричка.

По 287 дена настапот на Ериксен на „Јохан Кројф арената“, каде што многупати беше херој на навивачите додека беше фудбалер на Ајакс, овој чин не успеа да го наруши неговиот оптимизам при давањето на интервју на крајот на мечот.

„Имав среќа што топката доје кај мене и беше совршен начин да се продолжи мојот интернационален камбек. Ако се одземе резултатот, јас сум среќен човек. Чувството беше одлично“, изјави Ериксен.

Scroll to Top