Top Sport

Елмас: Да го исполниме сонот од детството

Македонската фудбалска репрезентација повторно е исправена пред голем предизвик, гостувањето кај Португалија во финалето на баражот за пласман на Светското првенство, во меч кој носи историска шанса за достигнување и во кој, за среќа, повторно ќе го имаме достапен Елиф Елмас, кој ја „отслужи“ суспензијата против Италија.

Ѕвездата на Наполи очекува да се даде максимумот против силната Португалија и да се оствари сонот за пласман на Светско првенство.

„Ова ќе биде еден од најтешките, но и највозбудливите натпревари досега за сите играчи што сме тука. Во 90 минути можеме да си го исполниме сонот од деца и за цел нација и цела држава. Едноставно мора да знаеме дека оваа шанса не смееме да ја пропуштиме, и да изгинеме максимално за да успееме да стигнеме до Катар. Ќе биде поразлично од Италија, бидејќи Португалија индивидуално е поквалитетн репрезентација. Но, ќе биде финале и нема да не потценат, а би сакл да не потценат“, вели Елмас.

Scroll to Top