Top Sport

Некоја „нова“ Севилја – Регилон за три поени во дебито на Лопетеги (видео)

„Обновената“ Севилја со победа ја отвори сезоната од Ла лига, откако триумфираше кај незгодниот Еспањол со 0:2 благодарение на голот и асистенцијата на засилувањето од Реал Мадрид, Серхио Регилон.

Регилон во 44. минута успеа да го совлада Диего Лопез, а во 86. минута му асистираше на Нолито за три поени за клубот од Андалузија, кој оваа сезона влегува со обновен тим и со нов тренер – поранешниот шпански селектор и тренер на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги.

Претходно, тимот на Алавес стигна до минимална 1:0 победа над Леванте, за кои македонскиот репрезентативец Енис Барди одигра 90 минути.

Scroll to Top