Top Sport

„Непристојна“ понуда од ПСЖ до Реал – Варан и Винисиус за Нејмар!

Доколку Реал Мадрид сакаат да им го „украдат“ Нејмар од пред носот на Барселона, потребно е во договорот да ги вклучат Рафаел Варан и Винисиус Жуниор, тврди францускиот „Телефут“, нешто на што тешко ќе се согласи шпанскиот гигант.

Нејмар, јасно, сака да се врати во Барселона, но повеќе извори тврдеа дека Пари Сен-Жермен не сака да има зделки со каталонскиот клуб по сите обвинувања кои ги кажаа од Барселона по трансферот на Нејмар пред две години, и повеќе би сакале „зделка“ со Реал Мадрид.

Францускиот репрезентативец Варан беше поврзуван со трансфер во Манчестер јунајтед ова лето, но реши да остане на „Бернабеу“, додека Реал сметаат дека во Бразилецот Винисиус ја имаат своајта следна голема ѕвезда. Обидите на Реал да ги вклучат Герет Бејл и Хамес Родригез во тимот пропаднаа, и сега останува можноста тие да ги понудат Тибо Куртоа или Кејлор Навас на „светците“. Како и да е, сагата продолжува…

Scroll to Top