Неколку фудбалери на Челси биле позитивни на коронавирусот на тестирањата направени пред почетокот на подготовките за новата сезона, објавија британските медиуми.
Од клубот потврдиле дека фудбалерите се наоѓаат во изолација, без да ги соопштат кои играчи се заразени со коронавирусот.
Фудбалерите кои се позитивни на коронавирусот во изолација треба да бидат во изолација најмалку десет дена, а на тренинзите ќе можат да им се вратат откако ќе покажат негативен тест.
Челси првиот натпревар во новата сезона ќе го одигра на 14 септември против Брајтон.