Италија, синоќа, со убедлива победа над Турција (3:0) го отвори Европското првенство. Во текот на овој натпревар беа урнати неколку рекорди.
Италија прв пат, во натпревар на Европско првенство, постигнала три гола. Победата 3:0 е најубедлива на отворањето на континентални шампионати. Никој до синоќа, на стартот, не победил со поголема предност од два гола.
Првиот гол на мечот го постигна Демирал. Ова е прв авто-гол, во историјата, кога станува збор за првите натпревар на Европските шампионати.
Турција ја продолжи лошата традиција. Седмото учество на големите натпреварувања (ЕП и СП) го започнаа со пораз.
Ниту една друга репрезентација, со три и повеќе настапи на големите турнири, ги нема загубени сите први натпревари.