Голманот на Лестер Каспер Шмајхел застана во одбрана на колегата од Манчестер Јунајтед Давид Де Хеа кого го критикуваат поради лошата форма. Поради грешките на Шпанецот Манчестер Јунајтед беа елиминирани од Челси во полу-финалето во ФА купот.
„Голманите секогаш се под лупа“, рекол Шмајхел за Би-би-си во пресрет на меѓусебниот дуел кој ќе го реши патникот во Лигата на шампионите.
„За мене во овој момент важен е начинот на кој во јавноста го третираат и критикуваат Де Хеа. Тоа е премногу остро“, смета Данецот.
Тој смета дека голманите добиваат критики од луѓе кои не се компетентни, односно дека критичарите никогаш не бранеле и не се голмански експерти.
„Нема голман кој на ТВ или во печатот ги анализираат натпреварите, поради тоа најчесто критиките што ќе ги слушнете не се фер. Се случува за важните технички детали да говорат луѓе што не се компетентни, не ја разбираат поентата, бидејчи никогаш не бранеле. Поради тоа не е фер да навредите некого на начин на кој тоа се прави со Де Хеа“, заклучил капитенот на Лестер.