Францускиот селектор Дидие Дешан, пред дуелот со Шпанија во Лигата на нации, изјави дека фудбалерот на Пари Сен Жермен, Усман Дембеле, заслужува да ја освои „Златната топка“ за оваа година.
Селекторот на Франција, Дешан, одржа прес-конференција пред полуфиналниот натпревар против Лигата на нации во кој неговиот тим ќе игра против бранителот на титулата Шпанија.
Едно од прашањата што ги поставија новинарите на конференцијата беше дали Дембеле ја заслужува „Златната топка“ како најдобар играч во 2025 година.
„Со сезоната што ја одигра, Дембеле апсолутно ја заслужува „Златната топка“, нема сомнение за тоа. Нема да зборувам за Ламин Јамал и да го споредувам со Дембеле. Ако требаше да бирам, би рекол Дембеле. Тој ја заслужува“, рече Дешан.
ПСЖ ја освои „тројната круна“, а Дембеле (28) даде огромен придонес во историската сезона на клубот од француската престолнина.
Во Лигата на шампионите, тој постигна осум гола и имаше шест асистенции во 15 одиграни натпревари, постигна 21 гол и имаше шест асистенции во француското првенство, и три гола во четири натпревари во Купот.