Top Sport

Нема да се бори за опстанок туку за титулата во Серија А

Полскиот репрезентативец, Бартош Березински е нов играч на Наполи, потврди денеска лидерот во Серија А.

Бережински игра на позицијата десен бек, но без проблем може да ја покрие и спротивната страна. Во Неапол дојде од Сампдорија.

Бережински дојде во Наполи на позајмица до крајот на сезоната, а наполитанците имаат право да го откупат неговиот договор следното лето.

Член на Сампдорија Бережински беше во изминатите шест години, претходно 30. годишниот Полјак играше во Легија Варшава.

Наполи моментално е лидер во Серија А, додека Сампдорија е во зоната за испаѓање.

 

Scroll to Top