Работите во Пари Сен Жермен се далеку од идеални. Очигледно е дека во клубот имаат проблем со меѓусебната комуникација. Најдобар пример за тоа е Тома Муние.
Десниот бек на ПСЖ синоќа играше во поразот од Борусија во Дортмунд (2:1), во привот осмина-финален натпревар во Лигата на шампионите.
Белгиецот доби жолт картон поради кој нема да може да настапи во реваншот. Во оваа фаза од Лигата на шампионите се пренесуваат жолтите картони од првата фаза.
На Муние никој не му кажал дека веќе има два жолти картони и дека доколку биде опоменат го очекува суспензија од еден натпревар.
„Воопшто не знаев дека му се заканува суспензија. Лут сум бидејќи никој не ми кажа. Доколку го знаев тоа немаше да добијам картон“, рекол Муние.
Потоа го коментирал и поразот на ПСЖ.
„Важен за реваншот е голот што го постигна Нејмар. Штета што не извлековме нерешено. Не одигравме како што знаеме, се чувствувавме уморно. Имавме тежок распоред. Сепак дома жестоко ќе ги притиснеме. Не се сомневам дека ќе одиме во четврт-финалето“, заклучил Бегиецот.
Реваншот ПСЖ и Борусија ќе го одиграат на 11 март.