Top Sport

„Нема кондоми? Јас имам 3,5 милиони“

Во екот на пандемијата со вирусот КОВИД-19 медиумите во Колумбија лансираа информација кризата светот би можел да се соочи со недостиг на кондоми. Решение за проблемот има поранешниот фудбалер на Парма и Њукасл, Фаустино Асприлја.

Аспарилја е сопственик на фабрика за кондоми, „Тино Кондоми“, а за колумбиските медиуми изјавил дека има доволна залиха.

„Поради коронавирусот го запревме производството, но на залиха имаме околу 3,5 милиони кондоми. Можете морно да спиете“, рекол Асприлја.

„Со целосно разбирање кон ново настанатите проблеми нудам и поволна понуда – два кондоми по цена од еден“, рекол Асприлја седејќи на еден куп кондоми.

Scroll to Top