Реал Мадрид во петокот попладне потврди дека велшкиот голгетер Герет Бејл повторно е повреден, ставајќи сомнеж на неговата долгорочна иднина во „Лос бланкос“.
„Нашиот фудбалер, Герет Бејл почувствува неудобност во левата нога по тренингот во четвртокот, по што беше на повеќе тестови во медицинскиот центар на Реал Мадрид. Потврден е скинат бутен мускул“, се вели во соопштението на Реал Мадрид.
Бејл не замина со Велс во пријателските натпревари во текот на интернационалната пауза и сега сигурно нема да може да игра во градското дерби против Атлетико Мадрид, бидејќи го очекува пауза од најмалку неколку недели.
Бејл се повреди против Борусија Дортмунд на 26 септември, но тогаш Зинедин Зидан изјави дека не се работи за никаква сериозна повреда. Оттогаш, тој нема влезено во игра.
Кариерата на Бејл во Шпанија не оди најдобро, бидејќи е одбележана со низа повреди од времето кога тој дојде во Тотенхем за тогаш рекордни 100 милиони евра. Фановите јасно го искажуваа своето незадоволство во последните неколку месеци, а Манчестер јунајтед, Челси, но и Тотенхем се гледани како можни следни дестинации за играчот. Но, по повредата, трансфер во јануари е речиси невозможен.