Top Sport

Нема место во Наполи за старците Ди Марија и Бензема

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, порачал дека во клубот нема намера да ги донесе Карим Бензема и Ангхел Ди Марија, додека доколку се согласел на двојно помала плата вратата на Наполи му е отворена на Единсон Кавани.

Наполи, во новата сезона, од клупата ќе го предводи Карло Анчелоти, поради што бројни фудбалери се поврзуваат со овој клуб.

Гостувајќи во една радио емисија, контроверзниот Де Лаурентис, со водителот решил да игра „вистина или лага“.

„Ди Марија и Бензема? Голема лага. Изненаден сум бидејќи информацијата ја објави „Кориере дело спорт“, а нивниот уредник е искусен новинар. Гледајте помеѓу мене и тренерот Анчелоти постои еден договор. Зошто Наполи би ги донел тие двајца старци? Не морам да го задоволам навивачите, но мора да останат мирни и да почекаат да го сработиме нашиот дел“, рекол Де Лаурентис.

„Јусуф Субали? Лага. Тој е повреден, како да донесам во клубот повреден фудбалер, Дамброзио? Лага. Тој не доаѓа“, рекол првиот човек на Наполи, а потоа проговорил околу Кавани.

„Кавани? Тој на секои два месеци заработува 20 милиони евра. Тој е брилијантен, но клубот не би можел да ја издржи неговата плата. Доколку Кавани ме побара и ми каже дека ќе си ја преполови платата, тогаш тоа би било во согласност со нашите можности“, изјавил Де Лаурентис, кој исто така негирал дека клубот е заинтересиран за Радамел Фалкао од Монако.

Scroll to Top