Top Sport

Заха не сака нов договор, побарал трансфер

Најдобриот играч на Кристал Палас, Вилфрид Заха, не сака да остане во клубот, откако одбил да го продолжи договорот. Заха, од Кристал Палас, одбил неделна плата од 125.000 фунти.

25-годишниот фудбалер рекол дека не сака повеќе да игра фудбал само за време на викендите, туку сакал да се натпреварува и во Лигата на шампионите.

Кристал Палас нема намера да го продаде својот најдобар фудбалер, исклучок ќе направи само доколку некој го плати обесштетувањето од 70 милиони фунти.

Најголем интерес за фудбалерот од Брегот на Слонова коска покажува Тотенхем, а според медиумите уште два тима, Борусија Дортмунд и Евертон, би сакале да го видат овој крилен напаѓач во своите редови.

Scroll to Top