Top Sport

Нема настава кога игра Уругвај

Училиштата и факултетите во Уругвај нема да држат настава во периодот кога националниот тим ќе ги игра своите натпревари на Светското првенство во Русија.

Одлуката е донесена од страна на Министерството за образование кое „наредило“ да нема настава додека националниот тим ги игра своите натпревари.

„Очигледно е нас Уругвајците не дефинира спортот, особено фудбалот. Со тоа создаваме чувство на единство што во денешно време е реткост. Една од нашите мисии е да обрнеме внимание на овие вредности“, рекол деканот на Католичкиот универзитет.

Уругвај на Светското првенство ќе игра во А-групата, заедно со Египет, Русија и Саудиска Арабија.

Scroll to Top