Top Sport

Надал ја задржа првата позиција, голем скок за Чекинато

Рафаел Надал вчера ја освои титулата на Ролан Гарос и ја задржа првата позиција на АТП листата.

Шпанскиот тенисер на врвот има 8.770 поени, 100 повеќе од Швајцарецот Роџер Федерер кој како и минатата година реши да ја пропушти целата сезона на земјана подлога. Трет е Александар Зверев од Германија, а на четвртото место се искачи Хуан Мартин дел Потро.

Аргентинецот ги прескокна Марин Чилиќ и Грогор Димитров. Финалистот на Ролан Гарос, Доминик Тим напредуваше за една позиција и се наоѓа на седмото место, осми е Кевин Андерсон, а меѓу најдобрите десет се и Давид Гофан и Џон Изнер.

Најголем скок на АТП листата направи сензационалниот полу-финалист на Ролан Гарос, Марко Чекинато. Италијанецот напредуваше за 45 позиции и сега се наоѓа на 27.место со 1.510 бода, што е негов најдобар пласман во кариерата.

Некогаш првиот светски рекет Енди Мареј, кој поради повредата и операцијата на колкот не игра речиси една година на АТП листата се наоѓа на 157.место.

Британецот неодамна започнал да тренира и најавите се дека ќе се игра во Вимблдон.

Scroll to Top